Изборот на Весна Дамева за претседател на Судскиот совет е нов срам за македонското правосудство. Вчера за претседател на судски совет беше избран лик за кој постојат фотографии со Заев кои потврдуваат дека е париски активист и член на партиската комисија за правда во СДС. Скандалозен беше и самиот избор на Дамева за член на Советот, кога по предлог на Пендаровски од стручна соработничка во основен суд беше инсталирана во органот кој треба да одлучува за избор и оценување на работата на судии. Ете таков човек догура до позиција на претседател на Судски совет, иако нема облечено судска тога.
Распупеното судство од Заев, Ковачевски продолжува да го распупува. Како расте партизацијата на правосудството од страна на СДС и ДУИ, така се намалува довербата кај граѓаните. Правосудниот систем е во колапс.
Секој ден излегуваат скандали за неговата трулост. Колку што е скандалозен изборот на Дамева, исто толку скандалозен е и изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.
Полагањето на правосудниот испит на синот на Талат Џафери кој е при крај со Академијата за судии и обвинители и со неправо ќе треба да дели право.
Оставката на претходничката на Дамева, Црвенковска која обвини за бизнис- судска клика.
Изборот на шефови на обвинителства само со еден кандидат, затоа што другите се под притисоци да не се пријават и уште многу други скандали за месец дена.
СДС и ДУИ црпнуваат партиски војници и ги ставаат на високи правосудни позиции за да може непречено да цвета криминалот и корупцијата на власта. Но времето на одговорност ќе дојде и за криминалците од власта и нивните заштитници во судството. Секој ќе одговара за тоа што го сторил, но и тоа што не се борел против криминалот.