Податоците од Државниот завод за статистика укажуваат на забавување на инфлацијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти на годишно ниво што покажува тренд на намалување. Во јули стапката на инфлација во Македонија е под просекот на еврозоната во која стапката на инфлација во јули изнесува 2,9 проценти.
Колку за споредба во април 2026 година инфлацијата на годишно ниво изнесуваше 5,7 проценти, во мај 4,8 отсто и во јуни 3,4 проценти.
Особено е значајно што и во текот на јули продолжува трендот на намалување на цените на храната и безалкохолните пијалаци, кои се пониски за 1,1 процент во однос на претходниот месец. Ова е од големо значење бидејќи храната има најголемо влијание врз семејниот буџет и животниот стандард на граѓаните.
Овие податоци од надлежната институција, Државниот завод за статистика се потврда на политиките кои ги креира Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Бројките несомнено се позитивен сигнал за движењата во економијата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги следи економските движења и да креира мерки во интерес на граѓаните и нивниот животен стандард“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
