Владата презема чекори во делот на образованието и науката. За оваа година, Буџетот за науката беше зголемен двојно, односно 680 милиони денари, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Се обезбеди бесплатен пристап за студентите и научниците на две научни бази на научни списанија. Тоа се списанијата „Web of science“ и „Scopus“. Владата финансиски ќе ги поддржи сите оние кои сакаат да творат и публикуваат научни трудови, бидејќи целта е со овие стимулирања на науката е да се придвижиме до првите 1000 на Шангајската листа на универзитети. Покрај овој влог во високото образование и науката, универзитетските професори добија и зголемување на своите плати за 14%, а секако ова зголемување ќе продолжи и во континуитет следните 3 години од мандатот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги гради темелите на промените во науката, додаваат од владејачката партија.