Тоа што СДС одговара во име на Данела Арсовска потврдува дека наводите за тајна средба Арсовска Ковачевски имаат основа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ За неполни 48 часа во време на инфлација и енергетска криза клептоманската СДС плати и и’ поклони билборди на Арсовска само за да се пресметува со ВМРОДПМНЕ, потоа оддржува прес конференции за сомнеж за криминал кој го прави Данела Арсовска и кој неосновано се препишува на ВМРО-ДПМНЕ.
Јасно е дека клептоманската СДС ја „црпна“ Арсовска да биде новото лице во уценетата и новоформирана коалиција која одработува за својата слобода пресметувајќи се со ВМРО-ДПМНЕ.
За ВМРО-ДПМНЕ единствен противник е власта која ќе ја смениме, и која ја одведе во пропаст Македонија“ порачаа од опозициската партија.