-Доколку имавме домашно производство на струја, какво што немавме поради недомаќинлукот и криминалот на заевизмот, доколку навреме се справувавме со енергетската криза и ако државните енергетски компании работеа одговорно ваков ценовен шок немаше да доживеат граѓаните. Ако ЕЛЕМ навреме копаше јаглен и не ги испразнеше акумулациите ќе произведуваше домашна струја по цена три до четири пати поевтина од увозната која потоа се земаше за да се покријат потрбите на Македонија од електрична енергија.

За илустрација ова поскапување на цената на електричната енергија пресметано на годишно ниво значи дека секое домаќинство треба да плаќа плус две нови сметки, односно ќе троши 12 месеци, а ќе плаќа колку 14 месеци .

Класичен заевизам беше и евтината дневна тарифа на електричната енергија. Заев ветуваше дека евтината дневна тарифа граѓаните ќе ја користат до влезот во Европската Унија и излажа по кој знае кој пат. Овојпат таа лага на Заев народот ќе ја плати од свој џеб.

Криминалот на заевизмот во енергетиката го ставија енергетскиот систем на колена, а граѓаните ги осиромашија. За ова мора да има одговорност, стои во партиското соопштение.