Теглите со кои СДС како опозиција протестираше пред владата нека ги извадат од подрумите и остават пред нивната влада која не мрда со прст за справување со загадениот воздух.

Мерките кои СДС ги предложи за големото загадување на воздухот во Скопје се гол популизами и шминка.

Барањето на СДС на вондредна седница на Советот е замајување на јавноста, дека нешто предлагаат. СДС забораваат дека веќе 7 години се власт во државата, а за животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот со прст немаат мрднато.

Итно е потребна владина стратегија за справување со загадениот воздух и институционална мобилизација. Веднаш се потребни итни владини мерки.

Без ниту еден капитален проект, ниту еден денар од енормно големите буџети потрошени за поквалитетен живот на граѓаните.

Наместо да ја замајуваат јавноста, СДС нека и наредат на Арсовска, на тајните средби кои ги има со Ковачевски, нека почне да си ја работи работата за која е избрана.

Арсовска и СДС додека кројат планови како да наместат некој тендер повеќе во ЈСП, нека му наредедат на директорот на ЈСП од редовите на СДС да пушти во функција повеќе градски автобуси во редовните линии.

Додека советниците на СДС тераат циркус и гол популизам скопјани се гушат, а Арсовска, СДС, ДУИ и Левица си ги полнат џебовите.