Три дена без никаква осуда или одговорност за Талат Џафери поради недоличното однесување во Собранието, од страна на крими коалцијата на власт СДСМ-ДУИ. Пред 3 дена јавноста беше згрозена од видеото во кое се слуша како претседателот на Собранието, Талат Џафери со пцовки кон мајките на вработените, тој ги навредуваше и со примитивно однесување го покажа своето вистинско лице, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Целосен молк и од Ковачевски за понижувањето на институцијата Собрание, за примитивизмот на Џафери и неговите навреди кон вработените во Собранието на Македонија. Димитар Ковачевски мислејќи дека со недоветност и игнорирање на овој однос, од страна на Џафери, македонските граѓани ќе го заборават ваквиот однос на претседателот на Собранието. Не само што не го осуди однесувањето на Талат Џафери, туку пиунот Ковачевски со неговиот молк се стави во одбрана на ваквиот примитивен одност на вториот човек по функција во државата, велат од партијата.
-Не постои никакво оправдување за проститулокот и примитивниот однос на Џафери, Никој не е должен да трпи навреди со сексуални конотации, да биде бркан и навредуван со зборовите „сиктер“ и „мрш“ од примитивецот Џафери.Ваквото однесување на Џафери ја доведува во прашање неговата деловна способност и воопшто ментална стабилност за да извршува вакви високи државни функции, претседател на Собрание.Одговорност за ваквото однесување мора да има. Талат Џафери треба веднаш да си поднесе неотповиклива оставка, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.