Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ доколку утре се одржат предвремени парламентарни избори покажуваат резултатите на анкетата спроведена од ИПСОС.
За ВМРО-ДПМНЕ според податоците од анкетата би гласале 18,2 проценти од анкетираните, а на СДСМ 9,5 отсто.
Левица ќе го добие гласот од 4 проценти од испитаниците. Кај албанските партии ДУИ има 4,1 проценти, Алијанса на Албанците 3,5, Беса 4,2, Алтернатива 0,7%, а ДПА 0,4 проценти од гласовите. За други партии би гласале 1,2 проценти од анкетираните.
По ова прашање неодлучни се 16,5 проценти, одбиваат да одговорат 15,9 отсто, а дека нема да гласаат одговориле 24,6 проценти.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ужива најголема доверба кај граѓаните. На прашањето „На кој политичар можете најмногу да верувате?“, девет проценти се изјасниле дека тоа е Мицкоски.
Претседателот на државата Стево Пендаровски ужива доверба од шест проценти од анкетираните, додека за премиерот Димитар Ковачевски својот глас го дале 4 отсто.
Димитар Апасиев и Али Ахмети имаат по три проценти, а еден процент помалку од нив, според резултатите, имаат Зијадин Села и Зоран Заев.
Најголем дека од граѓаните се согласуваат со изјавата дека „Македонија треба да бара реципроцитет“ – 39 проценти. За изјавата „Македонија треба да ги вклучи без услови Бугарите во Уставот ако писмено гарантира дека ќе го тргне ветото и државата ќе почне преговори со ЕУ“ гласале 20 отсто. Десет проценти сметаат дека „Македонија треба без услов да ги вклучи Бугарите во Уставот и покрај тоа што Бугарија не гарантира почеток за преговори со ЕУ. Со која изјава би се согласиле, не знаат 31 процент од анкетираните.
Теренската анкета е спроведена за потребите на ВМРО ДПМНЕ, од 02.03 до 16.03.2022 година на 1 007 испитаника.