„Уставни измени нема да има, Ковачевски нема пратеници за промена на Уставот, нека се спрема за брзо заминување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата од премиерот Димитар Ковачевски.

„Ковачевски, ако имаше пратеници за уставните измени, ќе ги ставеше на гласање многу одамна. Утре ќе се види повторно дека промена на Уставот нема да има. Сè што прави Ковачевски е држење на државата во заложништво поради неговата желба ден повеќе да остане на власт. Додека Ковачевски и власта продаваат магла, нивните пајташи во државата прават криминал, договараат тендери и матни зделки, а народот се иселува“, велат од партијата.

Тие додаваат: „Време е Ковачевски да се исели од Владата, а не народот од државата“.