Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ ужива убедлива доверба кај граѓаните, откриваат трите анкети спороведени во октомври, информираше денеска на брифинг со новинарите премиерот и лидер на партијата Христијан Мицкоски.

Според анкетите, ВМРО-ДПМНЕ ужива доверба од 24%.

Потоа следуваат СДСМ со 8,5%, ДУИ со 7,9%, ВРЕДИ, 7,1%, ЗНАМ 2% и Левица со 6%.

Станува збор за сублимат од три спроведени анкети за окомври од кои две се теренски а една е телефонска.

На прашањето кои се најбитни прашања со кои треба да се справи Владата, испитаниците одговориле корупција и криминал 33%, економија и животен стандард 27%.