ВМРО-ДПМНЕ го закажа ЦК кој треба да избере нови потпретседатели и нов состав на ИК. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе има четворица потпретседатели, според информациите не се очекува промена на Николоски и Мисајловски, туку проширување на составот со уште двајца.

Имињата се чуваат во тајност, но се очекува жена да има во потпретседателската четворка, но и еден од актуелните градоначалници.

Извршниот комитет ќе биде исто така проширен, но и дел од актуелните членови ќе бидат сменети, неофицијално се споменуваат Вело Марковски, Коце Трајановски, Трајко Славески, а како нови членови се споменуваат поранешните функционери Илија Димовски, Марјан Ѓорчев.

Мицкоски во интервју за ТВ 24 најави и изненадувања и надворешни членови.