Седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи денеска.

ПОЗНАТИ 25 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: ВМРО-ДПМНЕ ги соопшти своите адути за локалните избори

Од партијата најавуваат дека по завршување на седницата, пред просториите на ОК Штип, ќе ги објават дел од новите имиња на кандидати за градоначалници за престојните локални избори.

Досега се познати 25 кандидати за градоначалници на ВМРО ДПМНЕ. Пред извесно време извршниот комитет на партијата  одржа седница на која се дискутираше за предлози за кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори.

По состанокот, генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајкоски ги соопшти имињата на кандидатите:

1. Аеродром – Дејан Митески
2. Бутел – Дарко Костовски
3. Ѓорче Петров – Александар Стојкоски
4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски
5. Штип – Иван Јорданов
6. Велес – Марко Колев
7. Свети Николе – Дејан Владев
8. Карбинци – Виктор Паунов
9. Градско – Киро Нацков
10. Кавадарци – Митко Јанчев
11. Гевгелија – Андон Сарамандов
12. Зелениково – Коста Маневски
13. Илинден – Александар Ѓоргиевски
14. Конче – Златко Ристов
15. Делчево – Иван Гоцевски
16. Ново Село – Ѓорге Божинов
17. Василево – Славе Андонов
18. Босилово – Ристо Манчев
19. Берово – Петар Ружински
20. Петровец – Борче Митевски
21. Битола – Тони Коњановски
22. Охрид – Кирил Пецаков
23. Вевчани – Спасе Кочовски
24. Брвеница – Јовица Илиевски
25. Јегуновце – Димитар Костадиновски