Оттаму посочуваа дека Виенскиот институт за меѓународни економски студии утврдува дека Македонија е една од трите земји во Централна и Источна Европа кај која нема подобрување на економските проекции, односно земјата тоне.
– Во анализата се посочува дека економијата не може да започне да се опоравува од пандемијата. Според истата БДП во првиот квартал од 2021 година падна за 1,9% – што е четврти последователен квартал со пад. Македонија е во рецесија, а со политики на Заев, излезот е се потежок. А заздравувањето на економијата не е ниту на повидок. Извештајот на Виенскиот институт нотира дека власта троши повеќе отколку што има. Според истиотw буџетскиот дефицит во првиот квартал завршил на 4% од БДП. А се нотира и слабата реализација на капиталните расходи, која паднала за 34%w под планот. Извештајот на Виенскиот институт е уште еден црвен картон за владата која не работи ништо, и се занимава само со криминал, појаснуваат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека е време за сериозни политики и одговорен пристап.