-Одлуката за замрзнување на цените е задоцнета. Замрзнувањето на цените требаше да се случи пред да поскапат производите во малопродажба. Дополнително власта не решава ништо, затоа што граѓаните ги очекува поскапување на цената на струјата. Според неофицијални информации АД ЕЛЕМ бара покачување од над 20%, а можно е уште поголемо покачување и како барање на МЕПСО. Само за еден месец заради недостатокот на струја се потрошија скоро 40 милиони евра, а трендот на трошење земајќи ја во предвид актуелната ситуација со енергетските капацитети ќе продолжи, се вели во соопштението на партијата.
Нема ниту јаглен, хидро акумулациите се празни, а ТЕЦ Неготино не е ниту на повидок дека ќе почне со работа.
Со оваа влада нема изглед за излез од економската и енергетската криза.