Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на средбата со жителите при посета во населените места Смојмирово, Русиново во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ истакна дека е се поочигледно дека уставните измени нема да успеат и треба да се разговара што после тоа.

-После неуспехот на уставните измени Македонија ќе западне во политичка криза. Македонија мора да најде начин да излезе од оваа ситуација, порача Ковачки.

Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ при теренски посети беше во населените места Нерав, Мождивњак, Конопица, Мартиница, Градец каде потенцираше дека за ВМРО-ДПМНЕ нема недостапни, небитни населени места.

-Тим на ВМРО-ДПМНЕ е во село Нерав на 1.200 метри надморска височина, кажавме дека за нас, за ВМРО-ДПМНЕ нема небитни места, нема оддалечени места или нема недостапни и мали места. Нашето мото, нашата визија е Македонија за сите луѓе и тоа го покажуваме и денеска. Овдека луѓето живеат со сериозни проблеми од инфраструктурен карактер, патот им е руиниран и нема скоро основни услови за живот, рече тој.

Петрушевски потсети дека власта целосно го има изгубено допирот со реалноста и со проблемите на граѓаните во населените места во Крива Паланка.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ ги посети населените места Чифлик, Долно Коњари и Средно Коњари во општина Петровец, каде рече дека разочараноста на граѓаните од овие населени места доаѓа поради однесувањето на централната власт и одбивањето на сите амандмани во Собранието за поддршка на оваа општина.

Критиките постојано се за она што се случува за централно ниво, критиките се зошто пратениците во Собранието кога поднесуваат амандмани за поддршка на општина Петровец, тие амандмани секогаш се одбивани, потенцираше Љутков и додаде дека поради ваквата состојба граѓаните со нетрпение ги чекаат изборите за својата поддршка да ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ.

Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола беше во посета на општина Новаци каде потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која од секогаш се грижела за македонските национални интереси и така ќе биде и во иднина.

-Не постои друга партија која се грижела за македонските национални интереси во историјата, така ќе биде и во иднина. Ќе издржиме уште малку, ова предавничка, расипничка, ова криминална банда што побргу да ја напушти државата. Тука има млади луѓе гледате секаде каде што одиме сме придружувани од млад свет, тие треба да останат овде, да бидат заедно со нас, истакна Коњановски.

-Луѓето овде страдаат затоа што владата нема слух за нивните проблеми, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при посета на населените места Кучешино, Бурилчево, Чешиново, Облешево, Бања, Соколарци и Жиганци во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“. Лефков посочи дека луѓето од изборната единица 3 се соочуваат со проблеми за откуп на оризот, како и со наводнување па токму поради тоа сеидбата на ориз годинава доцни, укажувајќи дека како пратеничка група ан ВМРО-ДПМНЕ поднесувале бројни амандмани во делот на инфраструктура за изградба и реконструкција на водоводни и канализациони мрежи но сите биле одбиени од страна на власта бидејќи како што рече парите им треба за бизнис интереси.

-Луѓето имаат проблем со субвенциите, имаат проблем со откупот на оризот, а година имаа бројни проблеми со наводнувањето и затоа сеидбата им доцни. Да не зборуваме за проблемите со инфраструктурата затоа што оваа општина зафаќа голема територија, 14 населени места од кои што само едно има водовод и канализација. Останатите или немаат водовод или немаат канализација. На нашите предлог амандмани за инвестирање од државниот буџет во собранието, сите до еден беа одбиени, затоа што парите најверојатно им требаа за бизнис интересите на Артан Груби и тесна клика на луѓе околу нив, додаде тој.

-Граѓаните се жалат на централната власт, предводена од СДС и ДУИ, порача Ели Панова пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на средба со жителите на Самоилово, Смоларе, Колешино и Зубово во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“.Пановa истакна дека граѓаните на средбата ја прашуваат за уставните измени, укажувајќи дека таа го кажува ставот на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласа за уставни измени.

-Она за кое што сакааат да зборуваат се токму уставните измени и дали тоа сето има шанса да помине. Она кое што го добиваат како договор од нас е дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да гласаат за уставни измени. А исто така ги коментираат и поканите за лидерски средби и дали воопшто има потреба да се зборува за уставни измени на таква лидерска средба.

-Бевме во посета на Казандол, Грчиште, Собри, Дедели и Башибос. Народот со иста порака, вели дека се заборавени „ставени сме некаде во фиока“ и тоа имавме можност да го слушнеме, истакна Анастасија Илиеска при теренските активности кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ. Таа порача дека власта не дава поддршка за земјоделците, за лицата со социјални потреби како и во инфраструктурата и образованието.

-Нема поддршка ниту за земјоделците, ниту за лицата со социјални потреби, нема поддршка во образованието, нема инфрастуктура, кажа Илиеска.

Пратеникот Мирче Аџиоски ги посети населените места Езерани, Царев Двор, Дрмени, Лавци,Перово, Волкодери, Покрвеник,Шурленци каде побара Ковачевски да прифати предвремени парламентарни избори каде ќе увиди што мислат граѓаните за него и СДС и целата влада.

-Ковчевски нека прифати предвремени избори и да го слушне мислењето од народот какви се за него и за работата на оваа влада на СДСМ и ДУИ, порача Аџиоски.