Сега власта краде струја за копање крипто валути.
Или власта краде струја, прави милиони, а народот плаќа милиони за да има што да украде власта.
Неколку пати купија скапа струја. Сега е склучен е нов договор за набавка на струја за 10 дена во вредност од над 12 милиони евра.
Претходно 11 милиони евра се потрошени за струја, и 15 милиони кои ги плативме кон европската енергетска мрежа. Оттука се доаѓа до сума од над 38 милиони евра.
Пари кои државата ги потроши за купување на скапа струја, а зимата календарски не е ниту почната.
И сето ова затоа што нема домашно производство на струја, а нема затоа што нема јаглен во РЕК, ниту вода во хидроакумулациите. Нема ниту способен менаџмент.
Ама има способни за крадење, односно скапо платена струја некој од власта ја краде за копање на биткоини.
Власта е насочена само кон кражба, а граѓаните едвај преживуваат.
Излез од оваа ситуација се само предвремени парламентарни избори.