Власта на Ковачевски и Ахмети има зад себе година со 365 скандали. Народот и стопанството осиромашуваа, а корумпираните функционери ги полнеа своите џебови. Се обезвреднуваше државен имот и се местеа тендери, се со цел луѓе блиски до власта да се збогатат, oбвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Над половина милион граѓани живеат во сиромаштија, оризопроизводителите, вработените во Македонски пошти, Колска и многу други компании не можеа да си го наплатат трудот, ама затоа Управата за водење матични книги дала тендер за дигитализација на компанија формирана непосредно пред распишување на јавната набавка.
Ова беше година која ја одбележаа злоупотреби на службената должност и злоупотреба на народни пари. Па така дознавме дека ген-секот на влада Мухамед Зеќири се товари за предизвикување на штета на државниот буџет во висина од скоро еден милион евра за сомнителна физибилити студија за приватизација на Пошта. За овој случај истрагата не се прошири да се види кој од претпоставените на Зеќири учествувал во ова дело, односно дали Заев или други министри го поттикнале делото.
Во текот на годината продолжија наместените тендери во енергетските компании, но и наместените огласи во кои граѓаните не по својот квалитет, туку според блискоста со некоја партија се вработуваа за дебели хонорари во државните компании.
Во исто време се случуваше континуирано погазување на достоиснтвото на народот и на Македонија. Владата по диктат на Бугарија прифати промена на учебници, историски книги, настани и ликови.
Оваа криминогена власт планира да продолжи како и до сега. Тоа мора да запре. Македонија може и мора да има нова власт која ќе работи во интерес на граѓаните.