Власта на СДС водена од партиските интереси негуваше монструозен лик како Палевски кој прерасна во Франкештајн. Тие сметаа дека еден таков човек кој преку редовните подкасти кој тој ги правеше на едем канал заедно со неговата дружина ќе шири омраза, насилство, навреди и клевети кон ВМРО-ДПМНЕ и така ќе им биде корисен, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Ваквата негова реторика и поведение оставаа впечаток кај јавноста дека се работи за моќен лик на кој никој ништо не му може и истото тој го искористи за изнудување, заплашување и на крајот грозоморен чин, двојното убиство. Тоа се истите луѓе кои рекетираат, шират говор на омраза и повикуваат на јавни линчови. Да потсетиме дека освен политичката поддршка Палевски уживаше и полициска поддршка од моќни структури во МВР. Доказ за тоа е неказнивоста која ја уживаше Палевски и што никогаш не одговарал за нелегалните дејанија. Најдобар пример за тоа е полицискиот записник од мај месец оваа година, кога полицијата го фаќа Палевски и неговата група, која патем е идентична со оваа која сега е осомничена за двојното убиство, им наоѓа нелегално оружје и како што гледаме после тоа нема никакви последици и санкции. Доколку полицијата на Спасовски тогаш презела мерки и го спровела законот можеби денес немаше да се случи двојното убиство. Исто така полицијата на Спасовски не реагирала навремено и адекватно и после пријавата за исчезнатиот пензионер од Велес, бидејќи ако навреме го расчистеле неговото убиство или барем се труделе да го лоцираат неговото возило, немало да дојде до убиството на младата Вања, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Премногу случајности за да биде случајно и премногу пропусти за да може Спасовски да се фали со некаков успех од случај со две трагично убиени невини лица, додаваат од таму.