Според информациите кои излегоа во јавноста, а власта не ги демантираше изречно АД ЕЛЕМ побарало покачување на струјата од над 20%, а дополнително се чека и на МЕПСО, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потенцираат дека според едноставни пресметки во најдобар случај со оваа влада на чело на државата од јануари, граѓанин кој плаќал 3000 денари струја, ќе треба да плати минимум 3600 денари.

– Само за струја ќе треба да се одвојува нешто повеќе од 1/5 од минималната плата. Покачување од 20% или повеќе ќе биде тежок удар за народот. Власта не направи ништо да го спречи струјниот ценовен шок. Власта не ја активираше навремено ТЕЦ Неготино, ниту пак ископа јаглен во РЕК Битола кога требаше са се копа, се потроши водата од хидроакумулациите и државата се остави без ресурси. Во РЕК Битола не се копаше јаглен затоа што парите се трошеа на тендери за транспорт и други непродуктивни работи, истакнуваат од партијата.

Во соопштението се додава дека со вака неспремен енергетски сектор катастрофата која што може да ни се случи може да биде уште поголема. Затоа СДСМ не е решение, бидејќи тие се проблемот и треба да си заминат.