Власта се преигра со коалициите, една партија внатре, две надвор, владата побргу се распаѓа, отколку што зацврстува, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Ковачевски нема политики, ниту проекти, тој владее ден за ден. СДС и ДУИ имаат за цел да останат ден повеќе на власт, а не да направат нешто за државата. Доколку Ковачевски имаше влада базирана на политики и проекти, немаше партии кои го донеле на власт и му даче можност да биде премиер, да го напуштаат. Никој повеќе не му верува на Ковачевски, ниту луѓето кои му дадоа шанса да стане премеир без избори.

Во СДС, а особено во ДУИ се свесни дека Ковачевски не може да добие избори, затоа се борат по секоја цена да ја задржат власта ден повеќе, а за тоа да се случи прибегнуваат кон уцени на пратеници. Пратениците кои го поддржуваа владејачкото мнозинство не сакаат да бидат дел од бродот кој тоне и затоа секој ден ќе бидат се помалку во таборот на СДС и ДУИ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.