Од партијата велат дека ЕЛЕМ сегашен ЕСМ е претворен во загубар кој не може да ги произведе ниту елелемнтарните количини струја, а МЕПСО освен што е загубар недозволено повлекува струја од европската мрежа, или народски кажано краде.

-Ете до тоа дереџе е доведен енергетскиот систем од оваа власт на СДСМ и ДУИ. Нема домашно производство на струја оти акумулациите се празни, а РЕК Битола работи со половина блок. Затоа Македонија увезува струја по цена од 350 евра MWh, а доколку имаше домашно производство цената ќе беше 5-6 пати поевтина. Поради ваквото недомаќинско работење на власта со народни пари 65 милиони евра се покрива нивната неспособност, а башка неминовно е зголемување на цената на струјата што пак ќе удри по џебот на граѓанинот. Да потсетиме дека досега цената на струјата само во време на оваа власт е покачена за над 20%, а допрва после новата година по стандардот на народот ќе удрат и со ново покачување, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Оттаму додаваат дека криминалната власт на СДСМ и ДУИ се што фати се исуши. Ги упропастија енергетските капацитети и целиот систем. Нивната неспосбност, неодговорност, криминали и коруптивни тендери граѓаните скапо ќе ги платат. За ова мора да има одговорност!