Имајќи предвид дека власта на ДУИ и СДС не бира средства да го прикрие својот криминал не би чудело доколку последниот пожар во судска архива не е случаен.
Да потсетиме дека доколку правосудството не го штити директно криминалот на ДУИ и СДС, тогаш ги губи преставките, се случуваат несреќи од типот да се поплават или да се заметкаат во фиока. Но како што се ближи крајот на оваа власт, така стануваат се понервозни и понесигурни и се обидуваа да се осигураат што е можно повеќе дека ќе ги покријат трагите.
Да се запали архива во кумановскиот суд во час и половина после полноќ, кога со часови нема или не треба да има некој во објектот, е индикативен случај. Нема да не изненади дека повторно продолжен кабел, искра, високи ноќни температури или можеби метеор се причинители на пожарот. Сепак епскиот криминал не може да се сокрие, покрие или изгори.
Одговорност ќе има по промената на власта.
Дотогаш апелираме надлежни служби да направат вонреден преглед на електричните инсталации и чешмите во државните институции, со посебен акцент на архивите.