Внукот на Али Ахмети, Дрин, на само 25 години, без вложен денар се стекна со 39% од луксузниот деловен центар „Соравиа“.
Никој во светот не отстапува некому 39% за џабе, сите знаат зошто Дрин Ахмети добива без пари 39% од „Соравиа“.
Дрин Ахмети со друга своја фирма поседува и каменолом во Кичево, а со трета фирма концесија за мала хидроцентрала за чија изградба се потребни 1.2 милиони евра.
Кланот од Зајас се стекна со мултимилионски бизниси, на Абази му седат на глава, а Ковачевски не смее збор да изусти.
И додека Али Ахмети е лидер на ДУИ и пратеник, внукот на Ахмети влегува во мултимилионски бизниси, а институциите не смеат да преземат ништо.
Криминалците од ДУИ мора да одговараат. Одговорност ќе има, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.