Во истиот ден кога Ковачевски порача рационално да се трошат парите на граѓаните, неговата влада продаде супер атрактивно земјиште по само 7 евра по м2 среде Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Рационално ли е да се продаде државно земјиште по 7 евра за метар квадратен каде станбен простор чини 2000 евра по м2.

Ова ли е рационалното трошење на Ковачевски?

Од СДСМ гледаме само рационално крадење, стои во партиското соопштение.