Преку низа проекти кои ќе бидат дел од изборната програма, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди повисока стапка на економски раст, отворање на нови работни места, пораст на домашни и странски инвестиции и повисок животен стандард за граѓаните., велат од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжеие соопштението

Носечки проект во владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде реалокација на средства од државниот буџет кон општините за финансирање на капитални проекти кои ќе значат подобрување на животот на сите граѓани.

Секоја година ќе се префрлаат по 250 милиони евра од државниот буџет кон општините за нови градинки, училишта, патишта, реконструкција на улици, паркови, спортски сали, нови канализациони и водоводни мрежи.

Во еден четиригодишен мандат тоа се 1 милијарда евра средства од државниот буџет кон општините, надвор од општинските буџети.

ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе ја продолжи политиката на ниски давачки.

Со продолжување на политиката на рамниот данок, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе им помогне на компаниите и ќе ги стимулира да отвораат нови работни места и да реинвестираат.

Македонија ќе биде држава со најнизок рамен данок во Европа, а со тоа ќе се обезбедат повеќе пари во државниот буџет кои подоцна ќе се трошат во капитални инвестиции.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе им понуди на мултинационални компании до светот да ги пренесат своите профитни центри во Македонија, се со цел својата консолидирана добивка да ја донесат во државата, односно за ниски даноци до 5% ќе можат да ја консолидираат нивната сопствена добивка тука.

ВМРО-ДПМНЕ има визија, проекти и идеи како економски да ја крене Македонија и да обезбеди подобри услови за сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ во минатото покажала и докажала како треба да се води економска политика.

Со владата на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе биде економски силна и стабилна земја.

Важно е Македонија да има силен економски развој.

Важно е да се инвестира.

Важно е Македонија да се менува на подобро, стои во соопштението на партијата.