Целта е да се побара општествен консезус и да се исцртаат позициите кои ќе се бранат во преговорите со источниот сосед од кој оваа и секоја идна влада не треба да се повлече, бидејќи истото би предизвикало нарушување на државните интереси..
Дефинициите кои ќе се употребат во резолуцијата се истите оние кои се употребени од МАНУ и од УКИМ како најреномирани научни институции што ќе говори и за намерата да се вклучат сите напредни елементи кои треба да предводат во заштитата на државните интереси.
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека бугарските ставови се прецизно дефинирани во бугарската декларација и во она што сихронизирано го говорат бугарскиот претседател на држава и влада, проблемот е што македонските позиции се нејасни и свесно се допушта тие да бидат флексибилни и на штета на идентитетските обележја.
Одговорна држава би постигнала општествен и национален консезус за вака важни прашања. Денес за деталите и текстот на резулуцијата посебна прес-кпнференција се очекува да има лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Ваквиот предлог доаѓа по изјавата на државниот секретар на Португалија дека македонскиот јазик потекнува од бугарскиот, како од засилената негаторка реторика од источниот сосед.