Нова мерка за пожарникари со обука и сезонски ангажман во Македонија
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ воведува нова мерка за пожарникари која ќе ја искористат точно 364 лица, од кои 34 се од Скопје, за да се реши недостатокот на кадри за гаснење на пожари. Овие лица ќе бидат обучувани теоретски и практично за справување со пожарите во државата.
Ангажманот на овие пожарникари ќе биде сезонски, а секој од нив ќе добие финансиска поддршка од Владата во висина од 24 илјади денари, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Обуките веќе се одвиваат во 13 градови во земјата, со покриеност на 28 општини. Младите кои се пријавиле на обуките ќе поминат дводневна обука, со која за само една недела ќе бидат подготвени да излезат на терен за гаснење на пожари.
Од овие лица, дел ќе бидат распоредени во локалните територијални противпожарни единици, додека другите ќе бидат во Дирекцијата за заштита и спасување во Скопје. Во ДЗС, сезонските работници ќе продолжат со обуки, а по појава на мали пожари кои не се од голем ризик, постепено ќе бидат ангажирани на терен и ќе ги усовршуваат своите способности.
Со оваа мерка, Владата има цел да ги стимулира младите кои не се вработени да направат први чекори во професијата. Потоа, оние што ќе се докажат ќе добијат можност за вработување во противпожарните единици ширум државата.
Исто така, за првпат по седум години, се користат 38 пренаменети армиски и полициски возила, како и хеликоптери и авиони, со кои се справуваме со пожари летово.
Во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека:
„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги гради темелите на промените!“