За една недела на Клиниката за гинекологија и акушерство се случија три скандали. Никогаш не било полошо, потребен е рестарт на здравството веднаш, реагираат преку соопштение од најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.
Власта предводена од СДС и ДУИ направи пустош во сите области, меѓу кои и во здравството. Грижата на луѓето во власта предводена од СДС и ДУИ е сведена само на грижа за нивниот сопствен џеб и за сопствените интереси. Власта предводена од СДС и ДУИ за седум години власт направи пустош во здравството. Инвестиција немаше речиси никаква ниту во медицински кадар, ниту опрема, ниту инфраструктура.
Цената за негрижата на власта предводена од СДС и ДУИ ја плаќаат граѓаните. Цената за нивната негрижа која ја плаќаат граѓаните е многу висока. Особено скапо чини негрижата за постоечкиот медицински кадар, неинвестирање во нов медицински кадар. Дополнително, особено голем проблем е водењето грижа менаџерите да бидат исклучиво партиски лица без докажан минат труд.
Токму поради сите нивни пропусти јавноста за многу краток период, период од една недела е сведок на ужасни вести. Скршена рака на новороденче, на новороденче му е исечен прст, починува новороденче, а потоа и мајката. Ова се само неколку вести за краток период, а сите се случиле на Клиниката за гинекологија и акушерство која е во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза во Скопје. Едно е јасно, од назадување во сите сегменти во здравството, особено во јавното здравство и низа немили настани, беше доволно! Никогаш не било полошо време е да ги поразиме! Приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е итно рестартирање на здравствениот систем!, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.