За какво покачување на струја и парно зборува Ковачевски, кога цената на гасот на берзите е 3 пати пониска од лани ова време?, прашуваат пд ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение реакцијата

Нешто очигледно не штима на релација СДС – ДУИ или пак апетити за нечии профити се огромни, а граѓаните треба истото да го покријат тоа според логиката на Ковачевски.

Чист факт е дека лани ова време цената на гасот на берзата во Холандија беше над 110 евра за мегават час, за сега мегават час да се продава под 50 евра, што е повеќе од двојно пониско.

Фјучерсите кои се продаваат за цела грејна сезона 2023/2024 според европските берзи не надминуваат 50 евра за мегават, но сепак Ковачевски се заканува со покачување на цената на струјата и парното, второто веќе е поскапено за 5%.

Како власта ќе објасни зошто се заканува со зголемување на цените на парното и струјата, во време кога гасот се продава по цени повеќе од двојно пониски од лани?