Стево Пендаровски го погази зборот по којзнае кој пат. Велеше дека нема да се користат државни ресурси во неговата кампања, за сега да бидеме сведоци дека вицепремиерот Маричиќ со службено возило дојде да се потпише за кандидатурата на Пендаровски, па дури и самиотПендаровски се појави на промоција на проект кој нема никаква врска со неговите досегашни надлежности и искористи службено возило за да оди на отворање на штаб на СДС, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Дали ова не е злоупотреба на државата за партиски цели? Дали народните пари се трошат за партиските и изборните цели?-прашува ВМРО-ДПМНЕ. Дали и колку државни ресурси се потрошени за ангажирање на анкети и стратези за кампањата на Пендаровски? Еднаш кога веќе не си отстои на зборот, зошто јавноста би верувала на чесен збор дека не се трошени државни ресурси во претсрет на кампањата на Пендаровски и во други случаи?! Надлежните институции треба внимателно да ги следат активностите на Пендаровски, СДС и ДУИ во пресрет и за време на кампањата. Дали Пендаровски заборави за тоа што го зборуваше кога објаснуваше дека не треба да се мешаат државата и партијата?, прашаа од ВМРО ДПМНЕ.

Можеби Пендаровски заборавил што зборувал, ама јавноста гледа што прави и како си ги погазува своите зборови. Пендаровски го девалвираше достоинството на народот и на Македонија. Затоа време е за промени.