Граѓаните во Република Македонија повторно ќе ги преживуваат истите слики и случувања од 90-тите години на минатиот век. Зголемена инфлација, високи цени на основни прехранбени продукти, а ниски примања, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека се поголема е сиромаштијата во Македонија.
Инфлацијата целосно го изеде стандардот на граѓаните, а власта со прст не мрдна за зголемување на куповната моќ кај населението. Единствено што знае оваа криминална власт предводена од СДСМ и ДУИ е целосен грабеж преку тендери и трошење за непродуктивни работи.
Додека се луксузираат со парите на граѓаните, не видовме ниту еден капитален проект завршен од оваа најнеспособна власт.
Бидејќи нема капитални инвестиции, БДП на државата за почетокот на оваа година е најниско во регионот, владата на Ковачевски реши повторно да ја задолжи државата.
За последните две години криминалците од „Илинденска“ ја задолжија Македонија за над 1.6 милијарди евра, а со новото задолжување оваа власт ќе ги задолжи граѓаните за 2.3 милијарди евра и со тоа јавниот долг на државата ќе изнесува над 7.9 милијарди евра, велат оттаму.
Под превезот на кризите, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, власта за само 3 години го задолжи секој граѓанин за нови 1.250 евра
Економијата во државата е целосно урнисана заради најнеспособната власт која ја имала Македонија од осамостојувањето до денес.
Потребни се брзи предвремени парламентарни избори за излез од оваа економска криза во која не втурнаа СДСМ и ДУИ, велат од партијата.