-Граѓаните имаат право да знаат, а одговорните мора да дадат одговори, не да молчат. Каков е квалитетот на материјалите од кој е изградена болницата во Тетово? Зошто немало противпожарни апарати иако на таков пропуст било и предупредувано? Зошто роднини на болни се грижеле во болницата за своите блиски, наместо медицински персонал? Кој во име на власта се заканува по живот на роднините на жртвите кои сведочат за катастрофата во модуларната блница? ВМРО-ДПМНЕ го повикува Филипче и Илир Хасани, да ги достават оставките до Собранието, а не до премиерот, кој видовме дека нема да ги прифати. Доколку тоа не се случи денеска, ВМРО-ДПМНЕ во координација со другите парламентарни партии ќе поднесе Предлог одлука за разрешување на Филипче и Хасани. Заев да заборави на бизнис интересите и да ја ослободи истрагата од влијанија и притисоци и заедно со Филипче и Хасани да си замине и тој, велат од партијата.