Државата нема премиер, се додека губитникот Заев не си замине од политиката Македонија ќе губи.

Народот и го зема легитимитетот на владата на СДСМ – ДУИ, Заев е детронизиран. Имаме ново мнозинство со Алијанса, Алтернатива, БЕСА и Левица за пад на Заев. Доколку Заев денес до 14:30 часот не си поднесе оставка до Собранието, пратениците од овој блок ќе поднесат интерпелација за Владата.

Заев не е премиер, и колку повеќе се развлекува оставката, толку е полошо за државата.

Губитникот Заев мора да си замине, за на Македонија да и тргне. Македонија не смее повеќе да губи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ