-Друго од него не се очекува. Да знаел и да умеел нешто да направи добро за граѓаните ќе направел од позицијата во владата. Да размислувал поинаку од матрицата на Заев, барем еднаш ќе се побунеше за штетните и погубни политики кои ја донесоа Македонија на колена. Но пиунот Ковачевски одбрал да молчи и да слуша. Како до сега така и од сега.

Впрочем тој е лика и прилика на ЗАевизмот. Дете од транзициската олигархија кој пропагандата се обидуваше лажно да ни го прикаже како студент на Хравард, а всушност курсаџија од скап курс. Ковачевски е веројатно единствен пример на човек кој докторат одбранил во Црна Гора, а цело време работел во Македонија. Сосема случајно неговиот татко во тоа време бил амбасадор во Подгорица, кога КОвачевски неверојатно докторирал.

Ете за каков човек станува збор. Ете како заевизмот сака да продаде еден пиун како голема промена. Тоа не поминува. Зeевизмот мора да биде поразен за на Македонија да и тргне, а тоа е можно со предвремени парламентарни избори, стои во партиското соопштение.