-54 милиони евра помалку кај граѓаните ќе значи поголема сиромаштија и потешка егзистенција кај илјадници семејства. Зголемената цена на горивата со таканаречената зелена такса ќе влијае и на зголемување на цените сите производи, од прехранбени до услуги. Над 100.000 земјоделци се главно погодени од ова покачување на горивата и тие ќе имаат уште поголеми трошоци за производство. Народот и стопанството во целост преку зелената такса ќе го плаќаат крадењето на власта во изминативе години, велат од партијата.

Од таму додаваат дека преплатените јавни набавки и изборниот поткуп го испразнија буџетот и заради истите Заев ја задолжи Македонија 2.4 милијарди евра, а секое семејство во просек по 4.800 евра. И сега народот повторно ќе плаќа заради Заев. Да ставиме крај на поделбите на Заев и СДСМ, на граѓани од прв и втор ред. Македонија за сите луѓе!