Само управната зграда на АД Славија со земјиштето околу неа чини над 9 милиони евра. Дополнително магацините на АД Славија во Кисела Вода со земјиштето околу нив вреди над 4 милиони евра, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Само управната зграда и магацините чинат над 13 милиони евра.

Деновиве кои што се пред нас ќе го објавиме целиот имот на АД Славија кој што СДСМ сака да го продаде и тоа само за 200.000 евра.

Од авион се гледа дека некој близок до врвот на власта по шема од транзицијата купи ефтино продај скапо треба да профитира од АД Славија.

Ја повикуваме власта да запре со багателното распродавање на државниот имот за сметка на ќарот на поединци, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.