Целата реакција ја пренесуваме во продолжение:

Заев не може да говори за обединување, кога неговата власт е таа која што креира поделби. Заев е тој кој што ги подели граѓаните, на мала елита која е околу него и огромно мнозинство народ кој ниту живее подобро, ниту чувствува слобода.

Не може Заев да говори за обединување се додека неговата елита се богати, а народот осиромашува. Не може да говори за обединување додека неговата власт е извор на корупција и криминал, а народот го гледаат само како финансиер на нивното богатење.

Не може да говори за обединување додека елитата која ја предводи е заштитена како бела мечка, а сите неистомисленици ги шиканираат и драконски ги судат.

Не може да има обединување додека елитата која ја предводи нуди парцијални регионални соработки, додека народот очекува посветеност и работа за исполнување на клучната национална и државна цел, Македонија да биде член на широкото европско семејство.

Не може да има обединување додека елитата се крие од народот.

Концептот на Заев дели, наместо да обединува.

Македонија за сите луѓе е концепт кој е антипод на владеењето на Заев.

Концептот „Македонија за сите луѓе“ е тој кој што обединува и кој ќе го порази Заев, а Македонија ќе ја исправи на патот кон напредокот и успехот.