– Големи општини како Аеродром, Велес, Прилеп и Битола се без кандидати од страна на СДСМ. Сите го напуштаат Заев и бродот кој тоне. Во СДСМ врие и никој не сака да губи во Аеродром затоа што Златко Марин 4 годими преплатувал на тендери, никој во Прилеп не сака да биде жртва за Заеви и Чипсио, додека во Велес знамето за предавање е одамна кренато. СДСМ нема човек ниту за Битола. СДСМ не направи ништо за Битола. 4 години апсолутна власт, а ниту една инвестиција за градот. На Заев му се откажуваат и најлојалните партијаши затоа што никој не сака да гори за мафијата која 4 години краде, лаже и рекетира. Секаде за каде што Заев извади кандидати тој оди со стари и истрошени кадри, велат од партијата.

Оттаму посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ нуди успешни луѓе, професионалци, чесни и со големо знаење.

– И во СДСМ знаат дека губат. И во СДСМ е кренато белото знаме. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе, истакнуваат од партијата.