Заев има многу аномалии, една од нив е бекрајното лажење на народот. Се што вети на последните избори, излажа. Воопшто не е чудно што после толку лажење се плаши од превремени парламентарни избори.

Заев бега од изборно соочување затоа што му се потрошија лагите кои ги ветуваше за економското блескање, тој знае дека било што да каже пред граѓаните веќе никој не му верува и на избори катастрофално ќе изгуби.

Со сидрото „напред“ ја закопа Македонија во очекувања за европскиот пат кој застана во едно место, во очекувања за еден датум за преговори кој славно го прослави, а никако да дојде – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека власта го покраде народот, а економските „бумови“, резултираа со најголема сиромаштија до сега.

Македонската економија е една голема дупка, пари нема, а со најавите за покачување на цената на струјата и зголемувањето на даноците Заев само ќе ја зголеми сиромаштијата во земјава.

Имаме минус во реализација на капиталните инвестиции, a безидејно сe троши на глупости, наместо рестарт на економијата, од година во година економијата доживува полоша реприза и дополнителни задолжувања, а не развојност.

Секојдневните криминални афери и скандалите во кои се фатени функционерите на власт, уцените, рекетот и пазарењето со правдата нормално дека ќе предизвикаат страв кај Заев.

Живот нема со лагите на Заев и нема ни да има, храброста е доблест која Заев не ја поседува, тој е храбар само за криминалните лични интереси, па по тоа разбирливо е дека ќе бега од избори на кои ќе биде поразен како никогаш до сега – реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.