-Патем оваа сензационална иницијатива на Заев, која сака да ја прикаже како голем дипломатски успех, со цел да го покрие фијаското со членството во ЕУ, нуди во голема мера соработка со Албанија и Србија која и до сега била остварувана. И досега трите држави си помагале кога се работи за природни непогоди, и досега имало економска соработка и досега имало соработка во областа на здравството.

Заев ветуваше бесплатно здравство од Европската Унија, а се сведе на попуст на кафе и преспивање во Србија и Албанија. Тоа не е тоа кое што го ветуваше на народот.

Европската Унија поради Заев станува се подалечна, затоа што Македонија е најлоша во Европа во борбата против корупцијата и ја има најкорумпираната влада во Европа. Зоран Заев имаше четири години да направи европски реформи, ама времето го троши на криминал и лично богатење. Наместо конкретни унапредувања на системот, тој става европски знамиња на закони како тој за марихуана со цел да си обезбеди бенефит на семејниот бизнис.

Овие четири години власт на Заев се четири изгубени години за граѓаните и за Македонија. Тоа ќе се промени откако ќе победи концептот „Македонија за сите луѓе“, велат од ВМРО ДПМНЕ.