– Германија која е лидер во светот по добивање на електрична енергија од обновливи извори со над 50.9% од производството обезбедено од ветерници, фотонапонски централи, биогорива и хидроакумулации има еколошка такса од 2.7 денари за дизел горивата и 3.9 денари за бензините, во споредба со планот на Заев, според кој народот треба да плаќа 4.13 денари по литар гориво, независно дали е дизел или бензин. Кога Германија која е еден од најголемите производители на електрична енергија од обновливи извори во светот успеала со далеку помал процент да оствари толку многу инвестиции, тогаш зошто Заев оди со огромни проценти на име еколошка такса? Одговорот се крие во прашањето, затоа што не станува збор за еколошка такса, туку за кризен данок, заради тоа што го испразнија буџетот со крадење, па сега народот треба да покрива, се посочува во соопштението.
Оттаму велат дека иста е ситуацијата со еколошката такса и во Велика Британија, каде еколошката такса е рамно 3.5 денари и за дизел горивата и за бензините. И Велика Британија како и Германија е лидер во светот по добивање на електрична енергија од обновливи извори.
– Помала еколошка такса од планираното на Заев плаќа и Франција, каде истата за дизел горивата е околу 3.2% по литар дизел и 3.9 за литар бензин. Прегледот на висината на еколошките такси на земјите лидери во производство на електрична енергија од обновливи извори е јасен показател дека манипулира и не му е на прво место екологијата, туку полнењето на буџетот кој тој го испразни, истакнуваат од партијата. Време е за промени. Време е за Македонија за сите луѓе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.