Власта на СДСМ пет години ништо не направи за справување со загаденоста на воздухот, како во Скопје, така и во другите градови во Македонија. Власта на СДСМ не го реализира капиталниот проект, гасификација на домаќинствата и индустријата, нешто што ќе донесеше економски бенефит, но и значително ќе го намалеше загадувањето на амбиенталниот воздух. Неспособната власт на Заев и СДСМ беше фрлена на криминал и корупција, затоа не направи ништо на ова поле, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата соопштуваат дека најдобар показател за негрижата на СДСМ за животната средина е општина Струмица.

-Во општина Струмица заевизмот владее од 2005 година, а денес Струмица е еден од најзагадените градови во Македонија и регионот. Вредностите на ПМ честиците во воздухот во Струмица рушат црни рекорди, иако пропагандата на заевизмот тврдеше дека спровеле успешна гасификација. Вистината е дека нема никаква ефективна гасификација, туку јак бизнис на заевизмот. Патем во Струмица нема ниту индустрија, освен фирмите на кланот Заеви, што значи дека освен заевизмот нема кој друг да загадува. Јасно е дека заевизмот труе со своите лаги и својот криминал, се наведува во партиското соопштение.

Само со реални мерки може да се подобри квалитетот на воздухот, но за тоа се потребни промени и заминувањето на заевизмот.