Одлуката на Алијансата за Албанците да ја прекине соработката со ВМРО-ДПМНЕ е донесена под вештачкиот притисок, сметаат од опозицискатапартија.
Во изјава за Дојче веле, од партијата на Мицкоски порачуваат сите што ќе наседнат на владиниот театар, влегуваат во играта на детронизираната власт.
„Тоа е одлука која е донесена под вештачкиот притисок и лажниот театар на меѓуетнички тензии кој го најави власта на СДСМ и ДУИ, а зад кој стои единствено желбата за зачувување на привилегиите на власта, тендерите и асимилацијата која ја спроведува Владата“, изјавија за ДВ од ВМРО-ДПМНЕ.
„Сите тие што ќе наседнат на тој театар, е одлична можност да влезат во играта на власта која во моментот е детронизирана, сериозно разнишана и без кредибилитет да носи одлуки. Жал ни е што Алијанса не ја препознава можноста да се делегитимираат до крај криминалните политики на ДУИ, туку се уфрла во нивното сценарио за оддржување на власт. И во тој контекст Алијанса на Албанците треба да одлучи што е поважно – дали да се смени оваа власт која носи лош живот и за Албанците, како и за Македонците, или пак ќе продолжи децениското поигрување на ДУИ со Албанците и нивната лажна националистичка игра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.