На почетокот на годината, ВМРО-ДПМНЕ ги интензивира подготовките за успешен настап на локалните избори што ќе се одржат во октомври. Општинските комитети веќе предложиле имиња за кандидатите за градоначалници, а партијата ќе започне мерење на рејтинзите на потенцијалните кандидати во втората половина на јануари, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Oчекувањата се дека на овие локалните избори СДСМ и ДУИ ќе имаат доста помала поддршка од парламентарните избори

Внатрепартиска дебата пред локалните избори

  • „Во моментов е во тек внатрепартиската дебата. Општинските комитети веќе доставија предлози со имиња кои ќе бидат предмет на анкети и мерења. Во втората половина на јануари започнуваме со интензивно мерење, а до средината на мај очекувам да објавиме околу 85 до 90 проценти од имињата на кандидатите,“ изјави Мицкоски.

Најголемиот дел од кандидатите ќе бидат познати до летото, со што партијата планира да ја зацврсти својата позиција пред изборите.

Опозицијата бара интерпелации

Додека владејачката партија се подготвува за изборите, опозицијата поднесе интерпелации за повеќе владини функционери, што ќе се дискутираат во Собранието во петок. На листата се:

  • Изет Меџити – вицепремиер и министер за животна средина,
  • Иван Стоиљковиќ – вицепремиер за односи меѓу заедниците,
  • Панче Тошковски – министер за внатрешни работи,
  • Астрит Исени – заменик-министер за внатрешни работи,
  • Илире Даути – претседателка на собраниската Комисија за социјална политика.

Реакции на Мицкоски

Мицкоски ја нарече иницијативата на опозицијата очекувана и оцени дека таа нема да постигне резултати.

  • „Очекувам од опозицијата напади кои ќе поттикнат чувства на меѓуетничка нетолеранција, но мислам дека тие ќе бидат неуспешни. Критиките што ги упатуваат немаат основа и не се поврзани со реалноста. Наместо да се реформираат, тие се обидуваат неосновано да ја напаѓаат власта,“ изјави премиерот.

Седница со целодневни дебати

Според собранискиот спикер Африм Гаши, секоја интерпелација ќе се дискутира цел ден, во зависност од бројот на пријавени пратеници за збор. На крајот од дебатата, ќе следи гласање за секоја интерпелација поединечно.