Со енергетската криза и неспособноста да се справат со неа Димитар и Васко Ковачевски ја клекнаа на колена Македонија, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Го донесеа стопанството и граѓаните во целосна несигурност од состојбата со недостаток, но и енормно висока цена на електричната енергија. Заради неспособноста на антимакедонската СДС секој ден се затвораат компании со по стотици вработени, бидејќи цената на електричната енергија е висока и не можат да го издржат притисокот за да работат рентабилно. Договорот за набавување на електрична енергија од Бугарија ќе ја чини државата по 2 милиони евра на ден, или за периодот за кој е склучен договорот од 3 месеца ќе биде над 360 милиони евра. Доколку работеа со полн капацитет работеа РЕК Битола и Осломеј, како и ТЕЦ Неготино наредните 3 месеци државата ќе заштедеше над 150 милиони евра. Да беа способни фирмите сега ќе плаќаа дупло поевтина електрична енергија. Но клептоманската власт на СДС и ДУИ не ги интересираше справување со енергетската криза, тие мислеа само на провизии и тендери, наместо навремено набавување на јаглен, мазут или пак гас. Заради нивната неспособност, штетата ќе ја платат граѓаните. На антимакедонската влада само за да ја поминеме оваа зима ќе и бидат потребни повеќе од половина милијарда евра, а за наредните две години за справување на енергетиката но и очекуваната економска криза ќе бидат потребни и над 2.5 милјиарди евра, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Клептоманската власт на СДС и ДУИ треба што побрзо да си замине. Граѓаните секој ден живеат во се поголема несигурност како ќе го поминат денот. Потребни се брзи предвремени избори за излез од оваа криза во која ја втурнаа државата, додаваат од таму.