Заради неспособниот Ковачевски Македонија има пад на реалната плата и зголемување на трошоците за живот. Во 2022 година реалната плата паднала за 5%, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Оваа година во септември во однос на септември лани трошоците на живот се зголемени за 6.6%, а цените на мало за 4.7%. Со СДС платите се намалуваат, а трошоците за живот растат. На Ковачевски не му е доволно што народот го донесе до раб на сиромаштија, па по падот на платите и зголемените трошоци за живот, го зголеми ДДВ за над 1.000 производи, се наведува во партиското соопштение.
„Од овој месец трошоците за живот ќе бидат уште поголеми и трајно зголемени, заради Ковачевски кој буџетот кој оваа власт го краде сака да го полни од зголемен данок кон крајните потрошувачи – граѓаните кои земаат бебешка храна, сирења, кашкавали и други основни намирници.
Одамна власта изгуби допир со реалноста, време е да се изгуби од Илинденска. Промените се нужност“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.