Заради неспособноста на владата граѓаните плаќаат повисоки сметки за парно и се во неизвесност дали ќе има греење, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Владата не испреговара евтини цени за гасот кога тоа го правеа сите држави од регионот и светот. Македонија плаќа најскап гас. Хаварија е и во снабдувањето со струја. Во РЕК не се копаше јаглен и се донесовме во ситуација како држава среде зима да немаме резерви ниту за две недели, па мораше да се купува скап јаглен и скапа струја. Неспособноста на владата резултира со поскапи сметки за парно и за струја за најмалку 1500 денари по домаќинство, истакнуваат од опозициската партија.
Владата на СДСМ не може да ја извади државата од енергетска криза, потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро. И нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи за доброто на граѓаните, додаваат од таму.