-Власта ги испразни хидроакумулациите во лето и продаваше ефтима струја, за сега кога струјата руши рекорди да увезува скапа струја. Загубата е десеткратна. Наместо да копа јаглен, власта распипуваше непотребни тендери во РЕК, а сега краде струја од Европа па плаќа пенали во милиони евра. Кога државите низ светот и регионот работеа на снабдување со гас, власта не мрдна со прст. Сега како последица на тоа има најава за зголемување на цената на парното, истакнваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта е неспособна да менаџира со енергетскиот сектор. Државата секој ден е во се подлабока криза, додаваат од таму.