СДС и Ковачевски поради нервозата и очајот влегуваат од грешка во грешка. Впрочем денешната трибина на кои тие се прикажуваат како Европа, платена со народни пари, се пренесува на фејсбук профилот на партијата СДС. Ова ли е Европа која ја пропагира СДС и Ковачевски? Апсурд, неевропската и корумпирана влада, зборува за Европа и Европски вредности, а на првиот чекор ги крши, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно за СДС е исто Владата и партијата. Очигледно народните пари од буџетот се користат за партиска промоција, и тоа не за народот, туку за своите партиски членови кои се разочараа од нивните лаги кои со години ги кажуваат и ништо не прават.

Оваа кампања на СДС се сведе на мотивирање на своето членство пред избори, но судејќи според составот во Струмица изгледа не успеале ни своите највидни членови да ги мотивираат да им дојдат на апсурдната трибина“ – посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.