Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на подобрување на состојбите во македонското здравство и образованието, уверуваат од владејачката партија.
За да се има задоволен и мотивиран здравствен персонал кој ќе им овозможи квалитетна и соодветна здравствена заштита на пациентите, потребна е квалитетна здравствена и образовна инфраструктура.
Современи и квалитетни услови за образување и работа на целокупниот здравствен персонал, е предуслов за задоволни здравствени работници кои наместо по странство, ќе сакаат да работат во државата.
За таа цел, Македонија потпиша Договор за стратешко партнерство со Велика Британија, кој овозможува циклус на инвестиции од шест милијарди евра, кои ќе ја трансформираат државата.
Уште во првиот дел на реализација на Договорот за стратешко партнерство, предвидени се серозни инвестиции во изградба и реконструкција на болници, медицински факултет и студентски дом.
Со цел секој граѓанин да добие квалитетна здравствена заштита во современи услови што поблиску до своето место на живеење, посебно внимание ќе се стави и на регионалните болници.
Така што, конечно, после долги години во Кичево ќе се изгради нова болница заедно со здравствен дом, додека во Тетово целосно ќе се реконструира Клиничката болница.
За подобрување за здравствените услуги во источниот регион ќе заврши изградбата на Клиничката болница во Штип, која ќе биде опремена со најсофистицирана медицинска технологија и ќе отслужува околу 200 илјади граѓани.
Во делот на образованието, веќе се подготвени два проекти. Проектите кои први ќе почнат да се реализираат се, изградбата на нов медицински факултет во Штип и изградба на студентски дом во поддршка на факултетот, со најмалку 200 легла.
Со овој инвестициски циклус Македон